еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на прашање на МИА дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија.

За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.

– Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција.

Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји.

Тој појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето е драматизирање, и подвлече дека Европската комисија работи на тоа да се вратат работите во нормала колку што е можно побрзо.

-Враќање во нормала значи постигнување на договор помеѓу двете земји. Договор значи закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С Македонија и се разбира токму ова е тоа на кое ние како ЕУ работиме сега, рече еврокомесарот Вархеји.

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер повтори дека Виена ја поддржува евроинтеграцијата на С Македонија, која сработи многу за да го постигне статусот на земја кандидат.

Се надева дека блокадата од страна на Бугарија ќе се отргне и дека РС Македонија ќе остане на масата на разговори кои треба да ги продолжат двете земји.

-Ќе направиме се што е можно, Австрија ќе продолжи со поддршката со цел да се забрза темпото и да започнат пристапните преговори што е можно побрзо, затоа што не смееме да губиме време и не смееме да го изгубиме моментумот, вели Едштедлер.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски: За да има помирување, треба извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Редакција

Од следната недела ќе има пошироко мобилно тестирање на граѓани како превенција од корона вирусот

Редакција

Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски

Редакција