Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 435 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 9 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за Детски болести имало 6 приеми.
На Институтот за физикална медицина немало примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ