еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Под строги протоколи и без верници во толпата ќе се одржи традиционалната струшка Литија

Под строги здравствени протоколи за заштита на населнеито од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и толпата верници в петок низ струшките улици ќе се одржи познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот.

Организаторите апелираат до верниците, доколку сакаат се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите или тротоарите со почитување на здравствените протоколи.

– Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид 19 годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона со братството и сестринството од Бигорскиот и манастирот во Рајчица, без оркестарот и традиционалните торжества.

Апелираме до верниците да не се движат во толпата. Доколку сакаат да се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите и тротоарите со почитување на мерките за заштита, држење растојание и носење заштитна маска, посочи организаторот во изјава за МИА.

Според првичните информации, Литијата ќе се одржи под силно полициско обезбедување и строго почитување на протоколите.

Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица.

Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, Литијата ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 часот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24-годишното момче од Ресен кое почина од Ковид-19 одбило да остане во болница

Редакција

(Фото) Мицкоски се враќа во форма, откако прележа Ковид-19, се искачи на Водно

Редакција

За само една недела осум нови заболени од морбили во Струга

Редакција