Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 54 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ