еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две години и пет месеци затвор за седмата обвинета која призна вина во случајот „Двојник“

Судот и изрече казна затвор од две години и пет месеци на уште една од обвинетите, вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“, која претходно денеска призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Оливера Софрониевска е шестта, од првично десетте обвинети вработени во МВР, на кои Судот им изрече казна откако го признаа делото. Според обвинението, таа одобрила издавање на 198 лажни патни исправи.

Судот на Оливера Софрониевска, исто така, и изрече забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од десет години.

Отежнителни околности, при изрекување на пресудата, Судот рече дека се природата и зачестеноста на ваквите кривични дела во изминатите години.

– Како овластено службено лице во МВР, Оливера Софрониевска во никој случај не смеела да го прекршува законот. Доколку што Оливера во периодот одобрила изработување на 198 лажни патни исправи, изјави судијката Оља Ристевска.

Олеснителни околности, посочи таа, се признанието на вина и каењето за стореното дело.

Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.

Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска.

Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седум месеци.

Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.

Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Според обвинението за случајот “Двојник“, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

599 се жени: За 600 места пријавени 2.964 кандидати за полицајци 

Редакција

Случај „Талир“: Објавата на сведочењето на Силјан Мицевски го „вознемири“ Никола Груевски

Редакција

МВР: Повторно се испратени лажни пораки за наводна тековна истрага

Редакција