еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Раздвојување на Македонија и Албанија можно сценарио, потврдуваат од Европската Комисија

Портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро, потврди дека изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји за одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на еврокомесарот Вархеји во Скопје и во интервју за Евроњуз дека не се исклучува Албанија да започне преговори доколку нема едногласен компромис во Советот на ЕУ за Северна Македонија, Писонеро денеска одговори на новинарско прашање дали е ова став на Европската Комисија.

Таа нагласи дека Комисијата стои на ставот дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека тоа е една од опциите во теорија.

-Позицијата на Европската Комисија е многу јасна: сакаме да видиме Меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова да се случи, но Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, таму се наоѓаме, рече Писонеро.

Во однос на изјавата на Вархеји портпаролката прецизираше дека еврокомесарот рекол дека е потребна согласност од земјите членки на ЕУ за одржување на Меѓувладината конференција, чин што го означува формалниот почеток на преговорите со ЕУ.

-Ако нема договор за Северна Македонија, тогаш оваа опција би можела да се разгледа, рече Писонеро коментирајќи го можното одвојување на Скопје и Тирана.

Доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат дека само Албанија треба да започне преговори, Европската Комисија не би се противела на овој став, објасни Писонеро, бидејќи земјата сега ги исполнува сите преостанати услови.

Премиерот Зоран Заев в понеделник ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која се очекува да биде отворена оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ЕУ дипломатијата нема волја за одвојување на Албанија и Македонија

ЕУ не подготвува раздвојување на Македонија и Албанија, тврдат високи извори во Европската Комисија

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги одложи пописот и локалните избори

Редакција

За еден месец трговската размена меѓу Кина и Русија пораснала за 12,76%

Редакција

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Редакција