еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Индиската мутација на коронавирусот, која се рашири во над 30 земји е „вознемирувачка“

Светската здравствена организација (СЗО) ја опиша како „вознемирувачка“ мутацијата на коронавирусот откриена во Индија, која веќе се проширила во повеќе од 30 земји.

Прелиминарните студии покажуваат дека мутацијата се шири полесно од другите варијанти и бара понатамошно проучување.

Официјалниот став на СЗО е дека досега развиените вакцини продолжуваат да бидат ефикасни против индиската мутација.

Сепак, на последната прес-конференција беше кажано дека може да има некои докази за „намалена неутрализација“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 16 лица во општина Тетово, плата до 26.500 денари

Редакција

(Видео) Како изгледа Приштина мол: Скопските молови добија конкуренција

Редакција

Малиот Марко треба да се оперира од тумор на жолчка и желудник, потребни се средства

Редакција