Порталот Сакам да кажам пишува дека со усвојување на новиот закон за легализација, како нуспојава е донесена практично амнестија на сите обвинети за кривичното дело Бесправно градење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се и каде ќе може да се легализира: Усвоен законот за легализација на дивоградби
Порталот се повикува на членот 41 од овој закон, а кој предвидува да се запират постапките за рушење на дивоградбите, но се прекинуваат и управните и судските постапки (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти кои се завршени или се во тек и постапки во врска со изградба на бесправни објекти.
Меѓу опфатените со оваа амнестија се новинарот и бизнисмен, Драган Павловиќ-Латас, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, градителот на срушениот објект кај „Мавровка“ и градителот на дивоградбата кај Американската амбасада, за која беше објавен и прислушуван разговор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, од кој произлезе случајот „Лидери“, пишува порталот.