еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и потенцираше дека „со приклучувањето на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки“.

-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу Северна Македонија и Албанија, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Додаде дека новиот процес на проширување од минатата година, „треба да биде веродостоен процес и треба да биде побрз процес во споредба со стариот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров од Атина: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Редакција

За празниците да се внимава со храната, алкохолот и во сообраќајот, опасности и од пиротехника

Редакција

(Фото) Емотивно: Новинарката Костиќ, која е позитивна на Ковид-19 се гледа со мајка си преку прозорец

Редакција