еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) „Неделава ќе биде клучна, Русија се повеќе ќе напаѓа, се плаши дека ќе изгуби“, предупреди Зеленски

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните, како и и секоја останата седмица мината во војна.

– Ќе биде исто толку напнато, дури и уште поодговорно. Русија се повеќе се плаши. Се плаши дека ќе изгуби. Се плаши дека ќе мора да ја признае вистината, вели тој.

Според него, руските трупи ќе се преориентираат на уште поголеми операции на истокот од Украина.

– Можат да користат уште повеќе проектили против нас, да фрлаат уште повеќе бомби од воздух. Но, ние се подготвуваме за нивните постапки. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во обезбедувањето оружје за Украина. Ќе бидеме поактивни на меѓународната сцена. Ќе бидеме уште поактивни на полето на информациите, изјави Зеленски.

Зеленски ја нападна и „руската политика на невистини“.

Тој наведе дека руските медиуми контролирани од државата имаа селективен пристап кон вистината.

– Што прави Русија? Што прават нејзините функционери, нејзините пропагандисти и обични луѓе кои само го повторуваат она што го слушнале на телевизија?, истакна Зеленски.

Тој додаде дека „тие се оправдуваат себе си и негираат… лажат“.

– И тие веќе се оддалечија толку далеку од реалноста што не обвинуваат за она што всушност го направи руската армија, наведе Зеленски.

МИА/Фото/видео: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

Редакција

Пендаровски поддржува уставни измени: Државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите

Редакција

Што треба да знаете за Ковид-19 вакцините?

Редакција