еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Битиќи ги повика синдикатите на преговарачка маса, да разговараат без уцени

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи повика на солидарност, трезвеност и партнерски однос, за да се премости кризата со штрајкот во образование.

„Знам дека во моментов голем број на родители се обидуват да се организираат заедно со своите деца, а голем дел и од учениците, оние кои се повозрасни, можеби не знаат што е исправно да направат.

Жалам што моите сограѓани се соочуваат со ова, посебно што после долги две пандемиски години, полека почнавме да го враќаме животот во тековите кои претходно ги имавме.

Ја разбирам потребата за повисоки плати во образованието исто како што целосно поддржувам реорганизација и реформи во образованието, како тоа би било на ниво кои нашите ученици го заслужуваат и кое ќе ги подготви и ќе им овозможи да ги остварат своите амбиции и потенцијали.

Во моментов, најважно од се е тие да учат. Посебно после нарушениот образовен процес последните две години. Да не им нанесуваме поголема штета која ќе се одрази на нивната иднина, но и на државата.

Уште еднаш ги повикувам синдикатите да се вратат на преговарачка маса, на која ќе разговараме без уцени, туку како партнери ќе гледаме во сите опции кои се возможни.

Не смееме да заборавиме дека живееме во систем кој е поврзан и меѓусебно зависен, па секоја акција има реакција на друго место. Не смееме да дозволиме да се загрози економската стабилност и да не ги земеме предвид светските случувања,“ напиша Битиќи на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите во дилема дали децата да ги носат на училиште, од МОН велат дека настава мора да се организира и за време на штрајк

Ковачевски: Настава мора да се организира и за време на штрајк, апелирам на дијалог за да изнајдеме решение

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за исчезнатиот Марко Давчев од Струмица од МВР

Редакција

СЗО: Реална закана за пандемија од корона вирусот, заразени над 111.000 луѓе

Редакција

Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов

Редакција