еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Настава мора да се организира и за време на штрајк, апелирам на дијалог за да изнајдеме решение

Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес, пишува на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски.

-Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.

Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик, вели Ковачевски.

Тој додава дека  Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата.

-Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени.

Затоа, апелирам да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите.

Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни, додава Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училиштата и градинките нема да се затворат, но нема кој да предава и да воспитува-штрајкот ќе трае додека не се постигне договор

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен градоначалникот на Демир Хисар

Редакција

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г мобилна мрежа

Редакција

Починаа шест нови лица од корона вирусот, помеѓу кои и 34-годишен заболен

Редакција