еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Родителите во дилема дали децата да ги носат на училиште, од МОН велат дека настава мора да се организира и за време на штрајк

Основните и средните училишта и од утре, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес, информира Министерството за образование и наука (МОН).

-Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно – образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, прецизираат од МОН.

Како што нагласуваат, училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градинките ќе ги згрижуваат децата и во време на штрајкот, велат од Министерството за труд и социјална политика

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров со апел до патниците кои се заглавени на аеродромите да се обратат во конзулатите

Редакција

Пак дојави за бомби во скопски училишта, сите се лажни

Редакција

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Редакција