еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) За 2.000 жени дождот не беше пречка: Се истрча 10. јубилејно издание на Авицена Женска трка

Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа jубилејното десетто издание на Авицена Женската трка. Повеќе од 2.000 учеснички трчаа на дожд и го разубавија Градски парк и Град Скопје.

Трката со години е доказ дека жените без разлика на возраста имаат спортски дух, а здравите навики се дел од нивното секојдневие.

„Денешната 10. по ред, Авицена Женска трка со над 2.000 учеснички, што е 50% повеќе од очекуваното, е порака дека припадничките на понежниот пол се грижат за себе си, за своето здравје и среќа.

Горда сум дека го надминавме рекордот на заинтересирани жени од цела земја, кои докажаа дека динамиката се гради преку спорт. Испраќам порака до сите жени, во уште поголем број да се пријават и да земат учество инекои од наредните настани во следниот период или наредната година на 11. издание на Авицена Женска Трка“, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.

Учесничките на Авицена Женската трка трчаа 3 километри, а стартот и целта на трката беа во Градски парк.

Оваа година, од вкупниот број учесники прва до целта пристигна Весна Кираџиева за 12 минути и 22 секунди, второто место ѝ припадна на Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди и на трето место се најде Вера Украдевска, која ја истрча патеката за 12 минути и 35 секунди.

По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2022.

Конечните резултати од овогодинешната Авицена Женска трка може да се проследат на tagtiming.mk.

Авицена Женска трка и оваа година покажа дека спортската култура кај женската популација се зголемува од година во година и дека со добра организација секој може да води здрав живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети тврди, а Владата демантира дека е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата

Редакција

„Shooting Star“ за 2021 година: Македонката Сара Климоска една од десетте европски актерски имиња

Редакција

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград, какви се цените

Редакција