Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравтво.
Вкупно 207 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 8 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 58 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 69 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти.
На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ