еМагазин
Image default
Македонија

Почна со работа регионалниот пункт за вакцинација во Струмица

Регионалниот пункт за масовна вакцинација во Струмица лоциран во новата спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“ денеска почна со работа.

Според директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, вчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, а од утрово од 08:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред.

-Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини „Фајзер“, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец.

Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Таа додаде дека интересот за вакцинирање е голем, а повеќе граѓани кои имале термин во Штип се пријавиле вакцината против Ковид-19 да ја примат во Струмица и тие ќе бидат вакцинирани.

Пунктот денеска го посети и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој го истакна своето задоволство од можноста граѓаните од овој регион да се вакцинираат тука.

-Пред се сум задоволен што нашите граѓани нема да патуваат во други општини да се вакцинираат. Вакцините се најсилното оружје против оваа пандемија. Повикувам граѓаните масовно да се вакцинираат и што побрзо да се вратиме во нормалниот живот, рече градоначалникот Јаневски.

Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името од 1992 до склучувањето на Договорот од Преспа

Редакција

Штип и Ресен имаат најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

154 се реинфекции: 1.117 нови случаи на Ковид-19 од 3.513 тестови

Редакција