еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција од речиси 11 милиони евра

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од речиси 11 милиони евра.

Предлогот е одбиен и покрај позитивното мислење од Обвинителствотот за прифаќање на понудената гаранција за пуштање на Мијаклов од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот треба да пресече: Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека се уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна.

– 1.Имено, обвинетиот во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а зо која надлежното обвинителство предложи определување мерка притвор.

Воедно обвинетиот во предметот со КОК бр. 47/17, од обвинителството означен како „Таргет – Тврдина“, со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против истото лице се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство токму по предлог на надлежното обвинителство.

2.На постоење на опасноста од бегство, заради која мерката притвор беше предложена од обвинителот и прифатена од судот, упатува и фактот дека обвинетиот по определување на мерката куќен притвор во предметот со КОК. бр. 47/17 („Таргет – Тврдина“) повеќе од 24 часа беше недостапен на органите на прогон, што води до заклучок дека по прифатена гаранција и укинување на мерката притвор, може повторно да биде недостапен на органите на прогон.

3.Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител по поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција на 18.05.2021 година даде мислење да се уважи предлогот, НО претходно на 22.04.2021 год. и 04.05.2021 год. до судот има доставено мислења да се одбие предлогот за укинување на мерката притвор со предложената гаранција.

4.Водејќи се по член 150 ст.3 од ЗКП согласно кој судот е тој што по слободна оценка одлучува дали ќе определи гаранција и кој ќе биде износот на истата, а во правец на претходните две негативни мислења на ЈО, Кривичниот совет не се согласува со проценктата на обвинителството дека висината на понудената гаранција претставува доволен основ за замена на мерката притвор со гаранција, с енаведува во соопштението од Кривичниот суд – Скопје.

Ова решение за одбивање на предогот за укинување на притворот на Мијалков не е правосилно, и против него странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од три дена по приемот.

Обвинителството вчера потврди дека ја прифатило понудената гаранција од поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, соопштија од Јавното обвинителство.

Мијалков беше осуден за незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со што го оштетил Буџетот за над 800.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Груевски и Мијалков за „Плацеви на Водно“, побарани нови 30 дена притвор за Камчев

Поради опасност од бегство, судот одреди 30-дневен притвор за Сашо Мијалков

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште се работи на документацијата за достава на вакцините од Србија

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 66.433 денари убедливо на врвот

Редакција

Четворица македонски државјани евакуирани од Судан

Редакција