еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата ќе го раскине договорот со „Инвока гроуп“ за софтверот за полагање испити на државните институции

Владата на редовната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ од 11.8.2020 година склучен со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје.

„Притоа беше задолжен Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, со задолжение согласно Законот за јавни набавки да се побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, беше задолжен по раскинување на Договорот да започне со редовна постапка за јавна набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции и да склучи нов Договор за групна набавка и да ги извести: Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Царинска управа, Агенција за катастар на недвижности, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители, дека договорот со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ Скопје е раскинат и за постапката по заклучоците да ја информира Владата на Република Северна Македонија„, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство врши претрес во „Инвока гроуп” и во домот на сопственикот на фирмата

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството започна истрага за набавката на софтверот и бара притвор

Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Хоџа од БЕСА не можел да седи на иста маса со ДУИ, ќе си поднесе оставка

Редакција

Прилепска пиварница откупи уште 100 сопствени акции

Редакција

Поранешната градоначалничка и инспекторка, Миликијe Халими стана директорка на АД „Аеродроми„

Редакција