еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на 52 пожари на отворен простор, некаде заеднички –  здружени од повеќе општини и институции, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и МВР, известуваат од ЦУК.

Пожарите коишто се уште се активни утрово се во Општина Македонски Брод, во пределот над с.Белица каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, во Општина Велес, меѓу с.Иванковци и с.Мамутчево горела борова шума и во Општина Куманово се уште е активен пожарот кај с.Шупли Камен, што во неколку наврати е повторно активиран, каде што гори ниска вегетација и стрниште.

Додека во Општина Сарај, кај с.Кондово, од ЦУК информираат дека гори ниска вегетација, стрниште и мешана шума, огнот се проширил.

-Утрово веќе полета еден хеликоптер на МВР да гасне и тој веќе дејствува, а истовремено според извидувањето од воздух ќе биде проценето дали ќе се дејствува и со други воздухоплови, иако пожарникарите од земја го ставија утрово под контрола и нема загрозени населени места.

Конкретно, пожарот, вчера во 14.17 часот е пријавен, а пожарникарите од БППЗ на Град Скопје беа веднаш излезени и дејствуваа на терен со две возила и пет пожарникари. Попладне, по проширувањето на пожарот околу 16.35 часот, е побарана воздушна поддршка, но во тој момент повеќе немаше дежурни хеликоптери во МВР ниту противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите беа на терен, велат од ЦУК.

Оттаму исто така информираат дека четири екипи на БППЗ се уште се на терен и работат на гаснење на пожарот. Нема загрозени населени места.

Пожарот утрово е под делумна контрола, па по дејството на ангажираниот хеликоптер и неговото извидување ќе се процени дали има потреба од ангажирање и други хеликоптери.

Според ЦУК, изгаснатите 48 пожари од 52 вкупно се на територијата на цела земја, конкретно, во општините: Петровец, Бутел, Студеничани, Илинден, Кисела Вода, Арачиново, Шуто Оризари, Аеродром, Сарај, Крушево, Битола, Прилеп, Василево, Босилово, Радовиш, Охрид, Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Штип, Кочани, Куманово, Старо Нагоричани и во Општина Ранковце.

Додека најмногу пожари имало во Општина Куманово, вкупно шест, каде што горела ниска вегетација и стрништа: кај с.Тромеѓа, с.Лојане, с.Романовце, с.Пчиња и кај с.Ново Село – пет коишто се изгаснати, а шестиот пожар којшто е се уште активен е кај с. Шупљи Камен.

МИА/Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Редакција

Угостител од Крива Паланка: Последните пари ќе ги поделиме со вработените, со брат мѝ знаеме што е да се нема

Редакција

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Редакција