еМагазин
Image default
Локално

Дел од Кисела Вода без парно

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.

„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок,“ се вели во соопштението.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица силувале малолетничка со привремено живеалиште во Скопје

Редакција

МВР со детали за сообраќајката во која учествуваше полициско возило и тројца полицајци беа повредени

Редакција

Гореше „мерцедес“ во Крушопек

Редакција