еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Обвинителство врши претрес во „Инвока гроуп” и во домот на сопственикот на фирмата

По наредба на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, денеска се врши претрес во просторите на фирмата „Инвока гроуп“ и во домот на сопственикот на фирмата, потврдија од МИА од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 март соопшти дека отворил предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.

– Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, Обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 545 оздравени од Ковид-19

Редакција

Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од Министерството за животна средина

Редакција

Димитров и Рот веслаат по Охридско езеро

Редакција