Бројни негативни реакции на социјалните мрежи за начинот за кој Македонија се одлучи да и се одложи на Србија за донираните вакцини против Ковид-19, а позитивни за чинот.
Најмногу реакции има за тоа дека на Србите нема да им се наплаќа патарина на патот до Грција, но не и за накај Охрид, како и за тоа дека е одлучено да им се даваат картички, а не да се оди на опцијата регистарски таблички на возило.
Од Владата пак информираа дека изработката на една М-Смарт Кард, што ќе им се дава на српските државјани врз основа на одлуката за ослободување од плаќање патарина за транзит низ земјава за време на летната сезона, чини сто денари и заедно со сумата од 760 денари колку што е вкупната сума на патарини за минување по Коридорот-10, вкупно трошок по една картична изнесува 860 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве дел од твитовите:
Толку е тешко на српски таблици да кренеш рампа на патарина и да не наплаќаш? Зашто треба пластики да се изработуваат, да се прават трошоци и да се загадува околина? Или сувенир ќе биде?@VladaMK ја прашувам.
— Jas (@BrlaBrla) May 26, 2021
Брачо Срби, еве како да идете во Охрид а да не платите патарини…
🇷🇸❤️🇲🇰 pic.twitter.com/buY1Za9mC6— Професионалец (@Jovanovski_mk) May 26, 2021
Браќа срби, шибате надолу по автопат, кај Градско се исклучувате десно, и терате накај Охрид со нула патарини наплатени.
Не мора фала. pic.twitter.com/TOhd3s5cAd— Стормрејџ (@Strastniot) May 26, 2021
Видете Рашко да не има веќе наплатено патент за софтвер за ненаплаќање на Срби.
— Man (@goranman2) May 26, 2021
Плаќаме здравствено осигурување за да се вакцинираме во Србија и да се лечиме во странство со СМС донации!
Плаќаме патарини за други да се возат бесплатно по нив!
Плаќаме струја за на други да им ги простат долговите!
Плаќаме комуналии за на други да им легализираат дивоградби!— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) May 26, 2021
Кога подаруваш нешто не се прај математика затоа што тогаш не дар, туку е пазар.Србија не се пазареше со нас и не правеше математики на кого и колку вакцини ќе даде. Гестот на добрососедство не се мери со пари,туку со добрина. За ситните души зборам..
— SpolayT (@SpolayT) May 26, 2021