еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Од денеска Дино парк отворен за посетители, еве како изгледа

Од денеска за посетителите се отвора Дино паркот, кој е во склоп на скопската Зоолошка градина.

Паркот ќе работи од 9 до 21 часот, а влезот е 50 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Заев и куп министри со семејствата на отварањето на Дино парк во Скопје

За деца до 1 година, влезот е бесплатен.

Посетителите ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина.

Дино паркот се простира на површина од 2.000 квадратни метри и има вкупно 41 диносаурус од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци.

Проектот чини 350.000 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје, а диносаурусите се од Кина.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија засега не сака да склучи примирје, бидејќи сака да ја изолира Украина од морето, вели Борел

Редакција

Нови 1.320 случаи на Ковид-19 од 4.174 тестирања

Редакција

(Галерија) Се трчаше новата и несекојдневна атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM

Редакција