еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) И пејачката Нина Јанева ја згреши македонската химна, ја заборави строфата со Гоце Делчев

Пејачката Нина Јанева на протестот „Правда за уставобранителите“ за ослободување на осудените за упадот во македонското Собрание на 27 април 2017 година, погрешно ја изведе македонската химна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Протест пред Владата и Собранието за ослободување на осудените за „27 април“

И таа како Тамара Тодевска, заборави да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“.

Тоа предизвика реакции на социјалните мрежи, а Јанева се извини за пропустот и на Фејсбук меѓудруго напиша:

„…Прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани.

Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв…“.

Фото: Фејсбук/Јанева/видео: Твитер/сеир МК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запрепастувачки: Околу 20.000 лица во државата боледуваат од Алцхајмерова деменција

Редакција

Во првите девет месеци, 610 жени биле жртви на семејно насилство, но бројката е поголема

Редакција

Католиците и дел од православните вечер го празнуваат Бадник, во пресрет на Божик

Редакција