Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември немало примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ