еМагазин
Image default
Локално

Паркирање во „премиум-зоната“ во строгиот центар на Охрид сто денари за час

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голф“ влетал во река во Прилеп, двете лица спасени

Редакција

Серија земјотреси во охридско – струшкиот регион

Редакција

Детали за трагичната сообраќајка кај Драчево: „Реното“ удрило во камион за отпад

Редакција