еМагазин
Image default
Локално

Серија земјотреси во охридско – струшкиот регион

Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Два земјотреса беа регистрирани и синоќа во охридско – струшкиот регион.

Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По инцидентот со воспитувачка, вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија

Редакција

Трагедија: Осумнаесетгодишна девојка од струмичко почина од струен удар

Редакција

Струмичанец организирал домашна забава за време на пандемија

Редакција