Денеска беа пуштени првите 23,56 километри од експресниот пат Штип-Радовиш. Со оваа првата фаза од овој проект е завршена, а во втората треба да се изградат уште 16 километри или вкупно 40,46 километри.
Вкупната инвестиција е 60 милиони евра.
Изведени се вкупно 7 натпатници и потпатници, 11 мостови од кој еден со должина од 322 метри, единствен од овој тип на градба во Европа.
Честа први да се повозат по новиот пат ја имаа премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Фото: Влада/МТИВ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.