еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Осум години „еМагазин“: Останавме независен медиум, кој е пазарно ориентиран и кој пласира проверени и точни информации

Во време на „истенчени“ нерви, психолошки притисок, но и тешка економска криза што ја предизвика коронавирусот, „еМагазин“ денеска го прославува својот осми роденден.

Изминативе осум години се случија неверојатни промени на политички и економски план во Македонија, но се чини дека никој не претпоставуваше дека ќе доживееме заразите од научно фантастичните филмови да станат реалност, односно дека ќе мораме да се шетаме со маски за да се заштитиме од коронавирусот.

Во овој период, покажавме дека во Македонија може да опстои независен медиум, без државна помош, кој е пазарно ориентиран и кој секојдневно ги информира граѓаните исклучиво со вистинити и проверени информации.

Нашата решителност за борба против лажните вести и влијанија од различни центри секојдневно ја препознаваат се поголем број читатели и клиенти, што ни претставува особено задоволство и поттик за работа.

Како општествено одговорен медиум, во ова време на неизвесност со правилно информирање за коронавирусот се обидовме да придонесеме што побргу да се извојува битката против оваа болест, а реакциите на нашите читатели покажаа дека сме успеале во тоа.

На осмиот роденден со гордост можеме да кажеме дека „еМагазин“ од основањето до денес значително придонесува кон презентирање на информации базирани на факти водејќи се од начелата за етичко и непристрасно информирање.

На тој начин успеавме нашето бебе да го израснеме до осумгодишно дете, при тоа минувајќи низ пекол и различни премрежија, но и многу убави моменти, како што е на пример чувството кога со корисна и проверена информација му се помага на еден или на илјадници наши сограѓани.

Во иднина, „еМагазин“ има сериозни планови да се зближи со јавноста уште повеќе и да прерасне во медиум кој ќе ја освои довербата на граѓаните нудејќи вистинита и богата содржина.

Единствен начин за тоа е да ја продолжиме борбата против лажни вести и сензационално информирање, но и да се бориме меѓу секојдневните политички перверзии во медиумите на прво место да се вратат вистинските проблеми на граѓаните и на компаниите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги изгласа измените и дополнувањето на Законот за државјанство

Редакција

Горивата поскапуваат до 2,5 денари

Редакција

„Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на изградба вреден 1,1 милион евра

Редакција