Во организација на Српскиот културен информативен центар Спона, за време на викендот – во сабота и недела, нова група од околу 800 граѓани на Македонија ќе биде вакцинирана против вирусот Ковид-19 во вакцинацниот пункт на Здравствениот дом во Врање – во Спорската Сала на булевар АВНОЈ, информираат од овој центар.
Што се однесува до претходните групи на вакцинирани граѓани од земјава, организирани преку центарот „Спона“, имунизацијата во Врање беше координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија.
Како што беше објавено претходно, претседателот Вучиќ побара од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните од Македонија во Србија.
На автопатот Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце беше поставен билборд, во организација на центарот на Спона, – „Благодариме Србија“ – за донациите на вакцини против вирусот Ковид-19 за Македонија, како и за можностите македонските граѓани да бидат вакцинирани во организирани групи во Србија.
Билборди за благодарност претходно беа поставени и во Врање.
Од „Спона“ потсетуваат дека со одлука на Владата, во знак на благодарност до Србија, во текот на летната сезона, од 15 јуни до 15 август, српските возачи на патнички автомобили во транзит низ оваа земја на автопатот Коридор 10 ќе бидат ослободени од плаќање патарини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ побара од Владата, Србија повторно да ги вакцинира граѓаните на Македонија бесплатно
Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање
Фото: МЗ