еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

(ФОТО) Во редици Македонци чекаат да се вакцинираат во Врање

Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизација без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици и гужви од големиот број граѓани на Македонија кои пристигнаа во Врање за вакцината против вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“.

„На граѓаните на Република Северна Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани“, изјавија од Здравствениот центар во Врање, соопшти порталот Нова рс.

Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање, а само завчера вакцинирани се 599 лица, покажува статистиката на Здравствениот центар.

 

МИА/Фото: МИА/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА ги праша Грците колку добро ја познаваат ПЈРМ

Редакција

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември ќе го отворат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Редакција

Пуштен во употреба One-stop-shop на Ќафасан, граничниот премин со Албанија

Редакција