еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Џебна брошура „Записи за Кораб“: Промовирани убавините на планината, неоткриени врвови, езера, водопади

На 5 јуни, во рамки на планинарската тура за искачување на врвот Чапарец на Кораб, дел од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“, се одржа и промоција на книгата – џебна брошура „Записи за Кораб“, посветена на планината Кораб и нејзините (не)откриени врвови, езера, водопади, предели и величествени убавини.

Книгата „Записи за Кораб“ се состои од 2 дела во кои на 48 страници се содржат: Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели кој опфаќа опис на природно-географските одлики на планината Кораб, историски осврт на преданијата од народното творештво за името на Кораб и записи од првите планинарски походи во минатото и описи со предлози за именување на помалку познати врвови, езера, водопади, места и предели на Кораб напишан од Марио Шаревски и извадоци од записи од Планинарскиот дневник прибележан и раскажан од Зоран Тодоровски со податоци од нашето прво трансверзално планинарско минување по целата планина Кораб во 2019 г.

Оваа книга – брошура настана како плод на првиот тридневен трансверзален поход со шатори по целиот срт на планината Кораб во 2019 година, кој беше повторен и продлжен и во 2020 во чест на 1000 годишнината на Бигорскиот Манастир, а во себе содржи податоци од истражувања и посети на планината Кораб од 2015 и 2018.

Целта на оваа книга – брошура е преку именувањето и дадените податоци за точната местоположба, во сообразност со споделеното искуство од посетите на овие врвови, езера, места и предели да се оствари придонес во насока на зголемување на бројот на посети на планинарите и туристите, а со тоа и за промоција и поголемо искористување и развој на потенцијалите на Кораб, кој нуди извонредно големи можности во поглед на планинарството и туризмот, а со тоа и за сеопштото економско искористување, вреднување (валоризација) и добросостојба.

Примероци од книгата беа поделени на сите присутни планинари на акцијата, а ќе бидат поделувани и во следни планинарски акции и искачувања на планината Кораб.

Книгата „Записи за Кораб“ е во издание на здружението „Единствена Македонија“ во чие што десетгодишно постоење ова е второ издание по преводот и објавувањето на книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од македонскиот револуционер Ѓорче Петров во 2016 на 120-годишнината од нејзиното првично отпечатување во 1896, а чии географски описи се основа на многу денешни планинарски акции и активности нашето планинарско друштво и планинарскиот предизвик „12 Врвови“.

За разгледување и читање во целост на книгата во електронска форма посетете го овој линк, за албум со слики од книгата со глетки од Кораб посетете го овој линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција

Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле

Редакција

Претстави на МНТ од денеска ќе можат да се гледаат и онлајн

Редакција