еМагазин
Image default
Македонија

Вкупно ревакцинирани 187.120 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информира Министерството за здравство.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани, се наведува во соопштението.

Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.

– Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, се додава во соопштението.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков не знае каде е Груевски

Редакција

Рекорден број хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во велешката болница

Редакција

Антикорупциска демантира дека синот на Мира Дизел незаконски се вработил во ЕЛЕМ

Редакција