Денеска за прв пат по 2 септември 2020 година не бележиме ниту еден починат од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
“Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од Министерството.
Вкупниот број на починати од компликации од Ковид-19 во Македонија е 5.471.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 9 оздравени од Ковид-19
Нови 8 случаи на Ковид-19 од 3.068 тестирања
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.