еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Мехмедовиќ за СП: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Гледано од клинички аспект, според првичните анализи кои ги добиваме од Индија и од Велика Британија, делта варијантата, односно индискиот сој на коронавирусот, е поврзана со зголемен ризик од тешка болест и хоспитализација, но и делумно различна клиничка манифестација на болеста, посочува д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје во интервју за Слободен печат.

– Постојат три симптоми кои ја разликуваат оваа варијанта од останатите кога е во прашање зголемен број на случаи со гангрени и ампутации на прсти и стапала како резултат на засиленото згрутчување на крвта, нешто што не беше вообичаено за алфа варијантата.

Се развиваат микротромбови, кои се причина за силно изразени компликации на екстремитетите, изумирање на здравото ткиво и разој на гангрена кај еден од секои четири пациенти кои имаат нарушени параметри на коагулација.

Таквите микротромбови се сретнуваат и во дигестивниот систем, во цревата.

Како втор симптом кој е значително поизразен кај делта варијантата се проблемите на системот за варење. Значително повеќе се јавува повраќање, пролив, гадење и намален апетит.

Третиот поизразен симптом е нарушување или губење на слухот кај некои пациенти, оток околу вратот и воспаление на крајниците.

Промената на клиничката слика кај делта варијантата укажува на зголемена агресивност на вирусот, што е дополнителна причина да го средиме неговото ширење на глобалната мапа, вели за СП, д-р Мехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Индискиот сој директно слегува во белите дробови, заканата треба да биде сфатена сериозно

Епидемиологот Стојанов: Индиската мутација ги напаѓа и тие со силен имунитет, вакцинираните да не се грижат

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спасени две лица кои со квадрицикл паднале во провалија на Караџица

Редакција

(Фото) „Не ја вади маската“: Царовска го испрати синот Давид на училиште

Редакција

Проф. Трајковски: Нема место за паника, новиот сој на Ковид-19, омикрон, се разликува само во шилецот

Редакција