еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели Заев во интервју за МИА

Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Македонија, не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата, која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Македонија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

Премиерот нагласува дека посакува на 22 јуни да нема вето од Софија, односно Советот за општи работи на ЕУ да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија.

„На 11 јули имаат избори, после тоа се формира влада, политичка влада која што навистина ќе ги продолжи и најде решенија конечно. Тоа можеме да го направиме и во септември, октомври, декември оваа година.

Важно е граѓаните да ја знаат реалноста, затоа што навистина не сме далеку, ниту е проблемот нешто посебен. Јас често кажувам дека е смешен, но проблем е што нема парламент и нема политичка влада и е проблем за носење одлуки,“ вели премиерот.

Тој нагласува дека во рамките на тие напори до крајот на оваа недела ќе ја посети Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

„Ако не постигнеме решение, да направиме исчекор со којшто со политичката влада ќе се најде решение. Правиме до крајот на оваа недела официјална посета на Софија, каде со претседателот Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев и нивните министри ќе седнеме и ќе ги разглобиме до крај сите детали,“ додава Заев.

Тој нагласува и дека ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите и кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме членка на НАТО и до крај се почитуваат принципите на Алијансата.

„Северна Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од Западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, една Германија, една Франција, итн.

Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи… Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. И тоа е така. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Мора да има компетитивност,“ нагласува премиерот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хируршкото одделение од Тетовската болница демантира дека имало напад на пациент од лекар

Редакција

Доктор Пановски: Вакцините може да се мешаат, прва доза „АстраЗенека“, а втора „Фајзер“ дава одлични резултати

Редакција

Починаа осум лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.908

Редакција