еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Полесно ќе патуваме во ЕУ, Македонија на списокот на „безбедни земји“

Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки, јави ДПА.

Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција.

Меѓутоа, останува на секоја земја-членка на ЕУ да одлучи точно кои барања им ги наметнува на патниците. Исто така, нејасно е кога точно ќе се спроведат новите аранжмани за патувања.

На почетокот на пандемијата, сите земји на ЕУ, освен Ирска, забранија несуштинско патување, освен во одредени околности. Државите што не се членки на ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Швајцарија и Исланд, исто така учествуваа во забраната за влез.

Осумте новоодобрени држави од амбасадорите на ЕУ за послободно патување се приклучуваат кон веќе олабавените Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Одлуката треба и официјално да биде усвоена до крајот на неделава, наведе портпаролот на португалското претседателство со ЕУ, пренесе ДПА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Беса транс“ имала истечена лиценца за линиски превоз и користела изводи од други возила

Редакција

Децата кои беа заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче биле запуштени

Редакција

(ВИДЕО) Мадона со бастун, неможе да ја издржи турнејата

Редакција