еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ги чуваат 3,5 илјади полицајци: Прв самит Бајден-Путин во Женева

Првата тет-а-тет средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден по стапувањето на функцијата и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири до пет часа, па и повеќе, а меѓу темите за кои ќе се разговара се контролата на оружјето, кибер нападите и мешањето во изборите.

Меѓутоа, на средбата нема да има заеднички ручек, а рускиот и американскиот претседател ќе одржат и одделни прес-конференции, што е знак на затегнатите меѓусебни односи.

-Нема да има кршење леб, им соопшти на новинарите висок американски функционер додека Бајден слетуваше во Женева на разговорите што денеска треба да почнат околу 13 часот во вилата „Ла Гранж“, елегантна сива палата опкружена со парк од 30 хектари, изградена во 18-от век.

Путин на самитот пристигнува прв, а тој и Бајден прво ќе се сретнат со швајцарскиот претседател Гај Пармелин.

Потоа, рускиот и американскиот претседател ќе разговараат во библиотеката каде се чуваат стари книги на кинески, француски, персиски и турски јазик. Меѓу илјадниците книги во вилата е и книгата на Чарлс Пикет де Рошемонт, дипломат кој ја подготви Швајцарската декларација за трајна неутралност – дополнителната причина за изборот на Женева како место за одржување на самитот.

Со Бајден на средбата ќе присуствува и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, додека Путин ќе го придружува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Самитот во мирниот швајцарски град ќе го обезбедуваат меѓу три и 3,5 илјади полицајци.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција

Уставен ја “замрзна“ изградбата на бензиската на „Пуцко петрол“ во скопски Карпош

Редакција

(ВИДЕО) Мега проект: На стариот аеродром во Атина ќе никнат вили, шопинг молови, хотели, казино…

Редакција