еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

По навредите кон Алиоски, УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ за натпреварот со Холандија

Денеска од Европската фудбалска федерација (УЕФА) информира дека австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој на терен по постигнат гол на натпреварот против Македонија, упати навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, ќе биде суспендиран за еден натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ од УЕФА побара најстрога казна за австрискиот фудбалер Арнаутовиќ поради навредата на Алиоски

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

– Суспензија за играчот од австриската репрезентација, Марко Арнаутовиќ од еден натпревар, односно за следниот натпревар под капата на УЕФА за навреда на друг играч, соопштија од телото за жалби на УЕФА.

Тоа значи дека, австриската репрезентација ќе настапи без Арнаутовиќ на натпреварот против Холандија, кој се игра утре од 21.00 часот во Амстердам.

Фото: Фејсбук/Арнаутовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите за измени на Законот за медиуми

Редакција

(Видео) Младиот Марко Пејчиновски исплива 18 км од Радожда до Градиште

Редакција

(Видео) Од психолозите за Вас: Негативни емоции и зголемена загриженост се сосема нормални

Редакција