еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поскок каснал 14-годишно момче од Македонија, додека се качувало по карпа во Јелашничка клисура кај Ниш

14-годишно момче од Македонија, денеска го каснала змија поскок во Јелашничка клисура кај Ниш, така што на лицето му се појавил оток, пишува српски kurir.rs.

Било реагирано веднаш, при што, лекарите му ja дале потребната терапија. Момчето со полициски џип било префрлено на Детска клиника во Ниш каде што му била пружена помош.

Од Клиничкиот центар изјавиле дека кај детето нема компликации и е во добра здравствена состојба.

Детето учествувало во авантуристичка трка во организација на Нишка Бања во соработка со Спортскиот клуб „Трибе“ од Белград.

„Детето учествуваше на трката со семејството кои исто така се алпинисти. Натпреварувањето беше вчера, а денеска се одржаа пропратни содржини, се чистеше карпата, се спуштавме од неа. Спуштањето со јаже беше пропратна активност.

После тоа тој почна да се качува, змијата излезе од карпа и го гризна за лице. Родителите тоа добро го прифатија, бидејќи се свесни за ризикот од природата, бидејќи и самите се планинари. Нас алпинистите, инаку, два пати во просек не каснува поскок,“ изјавиле од клубот „Трибе“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вистински кујнски помошник – колку минути заштедува машината за садови?

Редакција

Новиот сопственик на „Сковин“ ќе добие згради, земјиште, возила…

Редакција

Авионот на „Air Serbia“ со македонските државјани полета од аеродромот во Тел Авив

Редакција