еМагазин
Image default
Балкан

Со години чекаме пред вратата на ЕУ и секој ден има по некоја „тешка историја“, вели албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за француската телевизија „Франс 24“ изјави дека повеќе ништо не може да го изненади од Брисел.

– Мора да се каже дека пред пандемијата беше одлучено да се отворат преговорите. Потоа беше донесена одлука за одложување на конференцијата. Чекаме пред вратата на ЕУ со години и веќе ништо не ме изненадува од Брисел, бидејќи секој ден има внатрешна динамика и секој ден по некоја тешка историја, рекол тој.

Рама ја поздрави „одлуката на ЕУ да ги отвори вратите за Албанците“, истовремено велејќи дека „направивме сериозна работа и со резултати кои беа ценети од целиот свет“.

– Албанија е на врвот на европската листа за масовно вакцинирање и со оптимални бројки за инфекции и смртни случаи. Јас лично се вакцинирав со „Фајзер“, но во земјата ги имаме сите четири вакцини, значи и „АстраЗенека“, „Синовак“ и „Спутник V“. Имаме успех, според статистичките податоци сме со ниво на ризик 1.

Во Албанија можете да влезете или да заминете без тест, без ништо. Заштитните маски од минатата недела не се задолжителни на отворен, но се задолжителни се уште во затворен простор, оценува Рама.

Шефот на албанската Влада се осврна на борбата против корупцијата, а ја коментирал и пресудата на пораншниот главен државен обвинител Адриатик Лала, која ја смета за „добар сигнал за владеењето на правото“.

– Доколку Албанија немаше проблеми, денес ќе бевме во ЕУ. Затоа влеговме во оваа битка за реформа во правосудството.

Ако поранешниот главен обвинител и поранешните личности од судството и политиката се осудени, тоа е добар сигнал за владеењето на правната држава, затоа ние продолжуваме со овој процес на преговори, за да изградиме правна држава, една функционална демократија, истакна Рама.

МИА/Фото: Фејсбук/Рама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По излегувањето на Трифонов, Бугарија пред нова, малцинска влада или предвремени избори

Редакција

(ВИДЕО) Бурата Ксенофон во Грција руши се пред себе, Грците се подготвуваат за циклонот Зорбас

Редакција

(Видео) Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога

Редакција