еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Лазаров: Вакцините со кои се планира масовна имунизација кај нас, се дискутабилни за индискиот сој на коронавирусот

Матичниот лекар Ненад Лазаров, на неговиот Фејсбук-профил, даде свое видување на состојбата со вакцинирањето против Ковид-19 во Македонија.

„Не е крај. Т. н. делта варијанта на SARS-CoV-2 стана доминантна во 96% во Велика Британија, Русија, Португалија, а рапидно расте и во Америка каде за една недела, бројката отиде од 10 на 31% од секвенционирани.

Кај нас, пауза на вакцинален процес 3 дена и намалено темпо наредните!

Уште немаме вакцини, а оние со кои планирааат масовна имунизација се дискутабилни за оваа мутација, а треба и да ги добиеме прво.

Одговорност никој не чувствува од одговорните за овој дебакл, 20.000 сограѓани се вакцинираат во Србија за еден викенд, секој бара спас. А народ не е свесен што се случува и дека не е се готово.

Ми се повраќа од она што најверојатно не очекува пак,“ напиша Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче очекува колективен имунитет на Ковид-19 да се постигне до крајот на летово

100.000 вакцини „Фајзер“ ќе стигнат на 28 јуни, а до крајот на месецот и 500.000 дози на „Синовак“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу „увезени“ од Македонија: Две третини од повратниците од Западен Балкан во Австрија се заразени со Ковид-19

Редакција

Едно починато лице од Ковид-19, вкупната бројка 9.221

Редакција

Драстично расте инфлацијата во Русија, до крајот на годината може да стигне 20%

Редакција