еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања тоа е опасен преседан, вели Заев

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.

„Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.

Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан,“ напиша Заев.

Тој додава дека државата покажала храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство.

„Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји-членки на ЕУ. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.

Никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права,“ потенцира Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ за извисувањето на Македонија и Албанија од ЕУ: „Мораме да градиме најблиски односи и да не очекуваме ништо од никого“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британија ја надмина Италија по бројот на смртни случаи од коронавирусот

Редакција

Убава вест: 414 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Роби „Телекабел“ го означи стартот на новиот мобилен оператор: Го има првиот број со префикс 074

Редакција