еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Совет на Амбасадори разочарани од блокадата на Бугарија: Институциите на ЕУ не треба да станат форум каде ќе се дебатира за историски прашања на народите

Советот на Амбасадори со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна Република Бугарија, соопштуваат од таму.

Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што и се нанесени на нашата земја на нејзиниот пат кон евроинтеграциите од нејзиното осамостојување до денес иако земјата секогаш ревносно ги исполнува поставените барања од Унијата во делот на реформите во многу области на живеењето.

„Советот жали што овој пат Македонија и нејзините досега стабилни добрососедски односи со Бугарија на непримерен начин станаа дел од предизборната кампања во оваа земја членка на Унијата преку барања кои беа во спротивност со европските вредности, стандарди и принципи на дејствување.

Советот исто така смета дека институциите на ЕУ не треба да станат форум каде ќе се дебатира за историски прашања на народите, туку место каде ќе се расправа за продлабочување на пријателството меѓу народите, сеопштиот економски, социјален и културен просперитет, успешната борба против меѓународниот тероризам и искоренување на пандемијата Kовид-19.

Советот на Амбасадори оценува дека многу пати повторената констатација на Комисијата на ЕУ дека на земјите на Западен Балкан местото им е во Унијата без конкретни резултати е неисполнување на очекуваните обврски на ЕУ со што се нарушува и кредибилитетот на Унијата,“ се додава во соопштението.

Советот оценува дека постои недостаток на соработка и големи разлики во ставови меѓу политичките чинители во земјата во однос на надминување на овој сериозен политички проблем и треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија на развој на добрососедските односи.

Советот на Амбасадори и во ова прилика ја изразува својата готовност да придонесе во осовременување на стратегијата за дијалог, бидејќи досегашната, како што велат од таму, по сите параметри не ги даде очекуваните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убедена сум дека гласот против блокади се повеќе ќе расте, вели Шекеринска

Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања тоа е опасен преседан, вели Заев

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На разговор во МВР повикани лицата инволвирани во случајот со училиштето во скопски Бутел

Редакција

Просечна закупнина за стан во Центар еднаква на „кирија и трошоци“ за два стана во Струмица

Редакција

38-годишен маж од Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Редакција