еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државниот пазарен инспекторат парично ја казни Евротим за несоодветниот „мазут“

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево и 3.000 евра за одговорното лице.

Истовремено донесе решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ од складот во Ресен и определи рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Претходно ДПИ доби одговор од „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут“, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.

Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни и ја спроведе постапката на порамнување и издавање на прекршочни платни налози и го донесе решението за отстранување на несообразностите од испитуваниот „мазут“ до складот во Ресен .

При направените анализи од првите примероци земени мостри од складот за „мазут“ во Ресен во сопственост на „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Евротим“ од Кичево доби забрана за продажба на мазутот поради отстапки во квалитетот

Фото: ДПИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Скопје, 26

Редакција

Нови 28 случаи на Ковид-19 од 2.619 тестирања, бројот на активни е 451

Редакција

Мицкоски за Абази: Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК е партиско – политички договор на власта

Редакција