Туристички автобус на српски превозник, кој превезувал руски туристи е каменуван и ограбен во Скопје, пишува „Блиц.рс“.
Според информациите на овој медиум, руските државјани биле на патување низ земјите од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.
Автобусот бил паркиран во центарот на Скопје додека туристите и возачот отишле на спиење.
Но утринава во 7 часот се случил инцидент, непознати сторители го оштетиле возилото и со тули го скршиле стаклото. Од автобусот биле украдени лични работи на патниците и возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само е каменуван, не е и ограбен: МВР со детали за српскиот автобус
На скршениот прозор биле пронајдени и траги од крв. Причините за овој вандалски чин не се познати, а полицијата работи на случајот.
Поради оштетувањето на автобусот, туристите не можеле да го продолжат патувањето, па по нив дошол друг автобус од истиот превозник кој бил во близина.
фото: Блиц.рс