еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Драган Данаиловски: 95% од заразените со индискиот сој во Британија и Израел се невакцинирани или вакцинирани со една доза

Д-р Драган Данаиловски на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“, истакна дека досегашните искуства со делта варијантата (индиски сој) во Велика Британија и Израел покажуваат дека 95 проценти од сите заболени се во категорија на невакцинирани или вакцинирани со една доза, а во категоријата на невакцинирани лица се претежно млади лица кои, како што вели, имаат малку отпор кон вакцинирањето и се оставени без заштита.

– Сега целиот свет е всушност во фаза четири, што значи на општата популација се евалуира, мери и идентификува дали ќе се појават одредени несакани ефекти што во третата клиничка фаза не можеле да се појават, бидејќи таму биле 30-50 илјади испитаници.

Сега се во прашање десетици милиони и стотици милиони население. И вакцинираните со две дози не се дефинитивно сто проценти заштитени во заразување, видовме информација од Уругвај дека стапката на заштита од Фајзер е 78 отсто во стекнување на вирусот, но има 22 проценти ризик да се зарази и со две дози вакцина, процентите се слични и во други земји, објасни Данаиловски.

Тој напомена дека најважно од се е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски објаснува колку секоја вакцина е ефикасна против индискиот сој

Доктор Мехмедовиќ ги објаснува симптомите: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември

МИА/Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Мерките се „по свадба тапани“ реакција, луѓето умреа непотребно

Редакција

Доктор Беќаровски објаснува како Ковид-19 влијае на сперматозоидите во спермата

Редакција

Актерката Билјана Беличанец, мајка на две деца, мртва ја пронашол нејзиниот сопруг

Редакција