еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Грозданова: Вакцината „Синовак“ е безбедна, во Кина се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст

Претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“, објасни дека кинеските вакцини „Синовак“ и “Синофарм“ претставуваат класични вакцини, каде е инјектиран ослабен вирус, односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Солески за СП: Нуспојавите од вакцината „Синовак“ се многу минимални

Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“

Оттука, посочи Грозданова, кај широката популација можеби се доживува како една од најбезбедните платформи во однос на новите вакцини како што беа РНА вакцините.

Во однос на возраста на којашто се дава, Грозданова рече дека нема ограничување и дека во Кина се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст, а во нашиот случај ќе се користи кај лица над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица.

Вакцината се препорачува и кај доилки и трудници за разлика од руската „Спутник„ која што е јасно контраиндицирана за трудници и доилки.

„Вакцината е доста безбедна и ефикасноста се движи помеѓу 56 и 78%. Истата е препорачана од страна на Светската здравствена организација и веќе неколку земји во светот ја користат.

Очекуваме и интересот на граѓаните особено по појавувањето на делта сојот, односно индискиот сој, да се зголеми. Втората доза се дава помеѓу 14 и 28 дена и во нашите протоколи ќе биде избран 21 ден односно на три недели ќе се аплицира втората доза“, потенцираше Грозданова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче уверува во ефикасноста на вакцината „Синовак“: Одобрена е од Светска здравствена организација

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мажите во Македонија имаат околу 28% поголем ризик од жените да починат од Ковид-19

Редакција

Завршил на клиника, Боки 13 претепен од тројца затвореници

Редакција

Состојбата со морбилите алармантна: Од утре теренска вакцинација во основните и средните училишта

Редакција