еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

По неколкуте инциденти: Си „пука“ ли Албанија во туристичката сезона?

За само два дена во соседна Албанија се случија два сериозни инциденти и тоа во време кога земјата очекува туристи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов инцидент на албанските плажи: Запалени лежалки кај популарното туристичко место Дерми

Четворица убиени и двајца ранети во престрелка во Албанија, поради поделба на плажа на приморјето

Само еден ден по убиството на четири лица во Велипоја, поради поделба на плажа, во Албанија се случи нов инцидент. На плажа во Дримаде кај Дерми, едно од најубавите места во земјата, беа запалени 60 лежалки.

Пожарот бил подметнат поради сомневање дека станува збор за конфликт помеѓу сопствениците на барови на плажа, околу користењето на плажите во оваа област.

За инцидентот со убиствата се огласи и албанскиот претседател Илир Мета, кој побара итно расветлување на случајот, наведувајќи дека ваквите настани ќе бидат погубни за албанскиот туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плажите не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад, вели албанскиот претседател Мета

Поради пандемијата со Ковид-19 и затворените граници со Грција, лани голем број македонски граѓани за прв пат ги открија убавините на албанското приморје, а и за годинава Албанија поради ниските цени и близината е во топ пет дестинации за нашите граѓани.

Дали ваквите инциденти, за кои нема гаранција дека ќе престанат, ќе ги предомислат македонските, но и другите туристи, останува да видиме.

Фото: Photo by Jani Godari on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Редакција

Палчо по убиството на Вања и Панче добил пари од Швајцарија, открива КОД

Редакција

Италија од 3 јуни ги отвара границите

Редакција