еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го повлече предлог-законот за учебници, по јавна дебата ќе биде вратен во Собранието

Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен од Владата за да биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение.

– Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно-образовен процес, по што конечниот текст на законот, кој ќе се креира по целосно исцрпување на придобивките од јавната дебата, ќе биде доставен во Собрание, наведуваат од Министерството за образование и наука (МОН).

МОН информира и дека не отстапува од спроведување на планот за реформа на основното образование од новата учебна година – воведување нови наставни програми во прво и четврто според новата Концепција и дигитални учебници од четврто одделение.

– Како што јавноста е веќе запозната, новите наставни програми за прво и четврто одделение се веќе усвоени и јавно достапни.

Во меѓувреме, врз основа на новите наставни програми се изработуваат и нови материјали за учење, при што оние за прво одделение ќе бидат готови до крајот на јули по што ќе следува дистрибуција до училиштата, додека за четврто одделение ќе бидат готови во првата половина на август и тие ќе добијат и дигитална верзија, велат од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Редакција

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Редакција